Булка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Булка[3][4], божанка[5][6], божурига[7][8], божурика[9][10], див афион, пеперуга[б 1] тутенка[б 2] (науч. Papaver rhoeas) — едногодишно, поретко двегодишно зелјесто растение од семејството афиони {Papaveraceae}.
Remove ads
Опис

Стеблото е исправено, неразгрането или слабо разгрането, прекриено со влакна. Листовите се јајчести, сивозелени по боја. Цветовите се крупни, темноцрвени, светлоцрвени, а поретко со бела боја. Цветот има четири венечни ливчиња, кои се тенки, нежни, на основата потемни. Плодот е чушка исполнета со многубројни, ситни, плавосиви семиња.
Употреба
За лек се користат исушени цветови, кои содржат слузи, шеќери, антоцијани и друго[15]. Во народната медицина се употребува како средство против кашлица при бронхит и голема кашлица, против крварење, го скратува протромбонското време, против цревни болести, дијареја и слично[15].
Булката како тема во уметноста и популарната култура
- „Булки без саксија“ — расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[16]
- „Разговор со булките“ (српски: Разговор с булкама) - песна на српскиот поет Васко Попа.[17]
- „Булки крај шините“ - македонска телевизиска серија, снимена во 1981 година (со Петре Прличко и Рубенс Муратовски во главните улоги)
Галерија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Цвет на афион помеѓу цветови на булки
Белешки
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads