Б. Р. Амбедкар
индиски политичар и деец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бимрао Рамџи Амбедкар (14 април 1891 година - 6 декември 1956 година), исто така познат како Д-р Бабасахеб Амбедкаp, бил индиски правник, економист, политичар и социјален реформатор, кој го инспирирал будистичкото движење Далит и водел кампања против социјалната дискриминација кон недопирливите (Далити). Тој исто така ги поддржувал правата на жените и трудовите. Бил независен прв министер за право и правда во Индија, архитект на Уставот на Индија и татко основач на Република Индија.[1][2][3][4][5][6]

Во 1956 година, започнал масовна преобразба на Далитите, претворајќи се во будизам со 600.000 приврзаници. Тој го оживеал будизмот во Индија.[7][8][9][10]
Во 1990 година, Бахрат Ратна, највисоката цивилна награда во Индија, била посмртно доделена на Амбедкар. Наследството на Амбедкар вклучува бројни споменици и претстави во популарната култура. Наследството на Амбедкар како социо-политички реформатор, имало длабок ефект врз модерна Индија.[11][12]
Амбедкар бил избран за „Најголем Индиец“ (the Greatest Indian) во 2012 година според анкетата организирана од „Историја ТВ18“ и „Си-Ен-Ен ИБН“.[13]
Амбедкар Јајанти (роденден на Амбедкар) е годишен фестивал кој се слави на 14 април, кој се слави не само во Индија, туку и низ целиот свет. Амбедкар Јајанти се слави како официјален државен празник низ цела Индија.[14][15][16] Обединетите нации го славеле Амбедкар Јајанти во 2016, 2017 и 2018 година.[17][18][19]
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads