Вадалка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вадалка[1][2] — пренослив сад, обично со рачка и клун, кој се користи за рачно наводнување на растенијата. Траги за постоење на ваков вид на канта датираат од 17 век, и оттогаш кантата е многу подобрена. Кантата има и други намени, бидејќи е доста разноврсна алатка.



Капацитетот на кантата може да биде помеѓу 0,5 литри, кога се користи за полевање на домашни растенија, до 10 литри за работа во градина. Може да биде изработена од метал, керамика или пластика. На крајот од клунот може да има ружа, која служи протокот на вода да се разбие на помали капки и со тоа да се избегне голем притисок врз почвата или кревките растенија.
Remove ads
Историја
Во 1886 година, Џон Хос ја патентирал вадалката Хос.[3][4] На патентот пишувало „Овој нов изум формира канта за наводнување многу полесна за носење и навалување, а во исто време многу почиста и поудобна за употреба од која било друга што е претставена во јавноста.“[5] Хосовите вадалки биле прикажани во њујоршкиот магазин The Strategist во 2018 година [6] и 2019 година.[7] Тие биле препорачани и од англиските весници Индипендент [8] и Телеграф.[9]
Remove ads
Употреба
Вадалките најчесто ги користат градинарите за наводнување на растенијата, а исто така се користат и како украс или како симболични уметнички фигури.
Во популарната култура
- Импресионистичкиот уметник Пјер Огист Реноар ја насликал сликата Девојче со вадалка.[10]
Галерија
- Вадалки наслагани на колец во школска градина, Шолтуин Плутодреф Утрехт, Холандија
- Вадалка за бонсаи
- Вадалка направена од исфрлен контејнер
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads