Вазал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вазал
Remove ads

Вазал — поим што потекнува од келтскиот збор gwas („слуга“), а преку латинскиот vassallus се проширил низ средновековието.[1][2] Вазалот бил феудален владетел што добивал земја (феуд) од друг феудалец, наречен негов сизерен (господар), а за возврат се обврзувал на помош. Оваа обврска се потврдувала со положување на вазална заклетва, со која вазалот се согласувал да му се потчинува на господарот, да ги следи неговите упатства за внатрешна и надворешна политика, да обезбедува воена поддршка кога е потребно и да плаќа претходно договорени даноци.

Thumb
Почит кон Артур, илуминација од XIV век.

Вазалството претставува збир од феудални норми и обичаи. Овој систем воспоставувал обврска еден слободен човек (вазал) да му служи и да му биде подреден на друг слободен човек (сењор), додека сењорот имал должност да го заштитува и помага својот вазал. Како награда за неговата верност, вазалот добивал право да владее со феудот, имот што честопати можел да го пренесе и во наследство.

Концептот на вазалство се протегал и во меѓудржавните односи, каде што означувал подреден однос и зависност, а не еднаквост или доброволен сојуз помеѓу две држави.

Оваа појава е најкарактеристична за раниот и средниот период на феудализмот. Иако како поим е користен и во Стариот Рим и во царствата во Предна Азија, неговата примена значително опаѓа со создавањето на централизираните национални држави помеѓу XVI и XVIII век, а целосно згаснува со распаѓањето на Отоманското Царство.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads