Вале
кантон во Швајцарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кантон Вале или Валис (скратеница VS; француски: République et Canton du Valais, германски: Kanton Wallis) – кантон на југозапад на Швајцарија. Главен град е Сион.
Remove ads
Природни одлики
Кантонот Вале се наоѓа во долината на горна Рона, до нејзиното устие во Женевското Езеро. Оваa долина е столбот на кантонот. На југ и запад се граничи со Италија и Франција. Највисок врв е Поант Дифур со 4.634 метри, а кантонот има 50 врвови повисоки од 4.000 метри. Површината на кантонот е 5.224,5 км2, што е 10% од површината на Швајцарија. Тука се наоѓа знаменитиот ледник Алеч, превојот Симплон и врвот Матерхорн. Познати се зимските центри Кранс-Монтана и Цермат.
Remove ads
Историја

Овој кантон-република ѝ се придружил на Швајцарската Конфедерација во 1815 година, после Виенскиот конгрес, иако со неа бил во посебни врски од 1529 година.
Окрузи
- Бриг - седиште Бриг-Глис,
- Вестлих Рарон - седиште Рарон,
- Висп - седиште Висп,
- Гомс - седиште Минстер-Гешинен,
- Ерен - седиште Еволен,
- Естлих - седиште Мерил-Филет,
- Конте - седиште Конте,
- Лојк - седиште Лојк,
- Мартињи - седиште Мартињи,
- Монте - седиште Монте,
- Онтремон - седиште Сомбранше,
- Сен-Морис - седиште Сен-Морис,
- Сијер - седиште Сијер/Зидерс,
- Сион - седиште Сион.
Население и населби
Кантонот Вале во 2008 година имал 303.241 жител.
Кантонот е двојазичен. Се зборува француски (72,8%) и германски јазик (27,1%), или попрецизно дијалекти од овие јазици. Преку 90% од жителите се католици.
Најголеми градови се:
- Сион, 28.871 жител - главен град на кантонот
- Монте, 15.991 жител.
- Сијер, 15.405 жители.
- Мартињи, 15.374 жители.
- Бриг-Глис, 11.902 жители.
Стопанство
Главни стопански грански се винарството, туризмот и производство на електрична енергија во хидроелектрани. Вале е еден од најсиромашните швајцарски кантони.
Галерија слика
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads