Валенсиски Залив

залив во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Валенсиски Залив
Remove ads

Валенсиски Залив (Valencian: Golf de València, шпански: Golfo de Valencia) — залив во западниот дел на Средоземното Море, сместен на источниот брег на Шпанија. Неговите граници се ’ртот Нао на југ и разновидни на север: според некои, тоа е Винароскиот ’Рт; други за јужна граница ја сметаат делтата на Ебро. Ако за граница се земе Винароскиот ’Рт, заливот наполно лежи во автономната заедница Валенсија. Ако се земе делтата на Ебро, тогаш северното крајбрежје лежи во Каталонија.

Thumb
Валенсискиот залив во рамките на западното Средоземје. На оваа карта за северна граница е земена делтата на Ебро.

Во заливот се наоѓаат малите островчиња Колумбретес. Валенсискиот Залив е располовен од нултиот меридијан.

Remove ads

Географија

Брегот долж Валенсискиот Залив е рамен, со песочни плажи. Особено својствени на него се крајбрежните мочуришта со естуарот Албуфера. Тој е значајно моклиште според Рамсарскиот договор.

Подрачјето на заливот е меѓу најдобрите примери на средоземната клима во Шпанија. Брегот е густо населен, меѓу најгустите места во Шпанија.

Стопанство

До заливот се протегаат ниски плодни земјишта на кои се одгледуваат ориз и агруми. Најголема улога игра овоштарството — се произведуваат големи количества портокали и лимони.

Во подрачјето стопанисува британско нефтено претпријатие со нафтени платформи на поле со површина од 4.000 км2. Постојат негодувања околу крајбрежно дупчење како еколошки штетно.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads