Вангерланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вангерландmap
Remove ads

Вангерланд (германски: Wangerland) — општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, околу 20 километри северозападно од слободниот град Вилхелмсхафен и 10 километри северно од окружниот град Јефер. Седиштето на општината се наоѓа во селото Хоенкирхен.

Кратки факти Земја, Местоположба на Вангерланд во рамките на округот Фризија ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Општината Вангерланд се наоѓа во североисточниот дел на Источнофризискиот Полуостров, непосредно на Северното Море. На север и на исток, општината има крајбрежје во должина од 27 километри. Дел од овој брег влегува во националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој од 2009 година е светско природно наследство.

Општински единици

Општината Вангерланд се состои од следниве 16 единици: Алтгармсзил, Ферин, Фридерикензил, Хадин, Хоенкирхен, Хокзил, Хорум, Хорумерзил, Мидоге, Минзен, Нојгармсзил, Олдорф, Шилиг, Тетенс, Вадеварден, Вијарден и Вифелс.

Покрај овие места постојат помали имоти, а некои од нив поседуваат и свои цркви, кои се подредени под овие единици. Административното седиште на општината е во Хоенкирхен.

Соседни општини

Општината дели копнени граници со други општини само на запад и на југ. На запад се граничи со градот Витмунд, на југ со градот Јефер, со градот Шортенс, како и со градот Вилхелмсхафен. Северно од Вангерланд се наоѓа островот Вангероге, кој претставува посебна општина.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads