Вар

неоргански материјал со калциум From Wikipedia, the free encyclopedia

Вар
Remove ads

Вар — градежен и градежно-врзувачки материјал.

Thumb
Каменолом за варовник во Норвешка

Добивање

Се добива со печење на варовник и доломит, на температура под точката на синтерување (1000 до 1200 °C), во цилиндрични вртежни печки и високи печки, со наизменична и континуирана работа.

Особини

По печењето, може да биде во грутки или мелен во прав со валкано бела боја, лесен и хигроскопичен.

Хемискиот назив е калциум оксид (), и во зависност од процентуалниот износ на калциум оксид според ЈУС, пропишани се три класи на жива вар:

  1. класа - треба да содржи минимум 98% CaO
  2. класа - треба да содржи минимум 95% CaO
  3. класа - треба да содржи минимум 90% CaO

Од другите соединенија во живата вар, се јавуваат:

Зафатнинската маса на живата вар е од 800 до 1.300 ³ (во зависност од големината - колку е помал агрегатот, толку е поголема зафатнинската маса, бидејќи содржи помалку воздушни џебови).

Remove ads

Гасена вар

Се добива со гаснење жива вар. Варта се гаси на тој начин што ложиштето прво се полни со одредена количина жива вар, а потоа се додава пивка вода. Варот се распаѓа и гасне, развивајќи температура од околу 150 °C, поради што мешањето со некој алат е задолжително, а поради опасност од изгореници, живата вар и вар во процесот на гаснење не треба да дојдат во допир со кожата. Се користи како градежен материјал за изработка на малтер. Неговата хемиска формула е, а нејзината зафатнинска маса (густина) е од 1.300 до 1.540 ³.

Примена

Се користи за внатрешно и надворешно боење, дезинфекција на минерално врзани подлоги, заштита на овошни дрвја од инсекти, како врзивно средство за варни и варно/цементни ) малтери. Варот е паропропустлив и има висока покривна моќ.

Потрошувачката се движи од 0,3 - 0,4, а може да се разредува со вода во сооднос 1: 4 за ретка смеса, до 1: 2 за густа смеса.

Се чува со истурање малку вода во садот за да ја покрие површината (за варта да не дојде во допир со воздухот) и на тој начин може да се чува неодредено време, но потребно е да се чува од замрзнување.

Хидрирана гасена вар

За да се добие вар во прав гаснењето на живата вар се врши индустриски, со многу малку вода, но доволно за да се изгаснат сите честички. Таквата вар повеќе не е опасна, а бидејќи е во форма на фин бел прав, лесна е за работа. Хидрираната вар се пакува во хартиени кеси од 5, 10, 25 или 50 кг. Зафатнинска маса (густина) 481.[1]

Хидраулична вар

Се добива со печење лапорови варовници (варовници со поголемо количество глинени нечистотии - т.н. „хидраулични фактори“ - SiO2, Al2O3, Fe2O3), на температури под границата на топење („точка на синтерување “ 600-800 °C). Таквата вар има својства при преминот помеѓу обична вар и портланд цемент.[2] Во зависност од уделот на глина, оваа вар може да биде повеќе или помалку хидраулична.

Својства: по мешање со вода и изложување на воздух одредено време, може да се стврдне и под вода.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads