Вардар (стихозбирка)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Вардар“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1958 година, како издание на „Кочо Рацин“.
Содржина
Збирката ги содржи следниве песни:[1]
- „Летно поладне“
- „Самоуспокојување“
- „Даб“
- „Неротка I“
- „Неротка II“
- „Сама Бука“
- „Маслинка“
- „Македонија“
- „Самуил“
- „Мојот народ пред распаќа“
- „Вардар“
- „Караорман“
- „Благуњ вишен на голина“
Осврт кон делото
Веднаш по објавувањето, стихозбирката „Вардар“ била прифатена од македонската книжевна критика како значаен настан кој ќе влезе во нашата книжевна историја со големо значење при што критиката ја оценила збирката како големо откривачко достигнување во македонската татковинска поезија. Од денешна гледна точка, оваа збирка се наметнува како парадигма на целото творештво на Поповски, т.е. таа е неговото средишно дело според тематските преокупации, а истовремено се смета за највредна според естетската реализација. Иако книжевната критика била воодушевена од циклусот „Македонија“, според Слободан Мицковиќ, тоа претставува претерување и запоставување на циклусот „Косачи“ кој му претходи. Оваа збирка се одликува со сосема нов приод во обработката на родољубивата поезија при што Поповски воспоставил систем на проникнување во минатото, интегрирајќи го во целосноста на едне нов татковински изблик. Поетот се загледува во минатото како во нешто комплексно и слоевито, воден од потребата да проникне во коренот на минатото, а тоа е дамнината, древноста, како во поемата „Самуил“. Поетскиот говор во збирката е потполно објективизиран, а тоа се постигнува преку лапидарното кажување кое го затскрива поетот и има тенденција да се прикаже како самоговор. Тааа згуснатост на исказот се потпира на херметичниот говор на старите записи и сугерира не поетско одење во минатото, туку доаѓање на самото минато во поезијата. Затоа, во овој концепт нема место за поетското „јас“ кое се објективизира и ја укинува својата егзистенција.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads