Варна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Варна (бугарски: Варна) е најголемиот црноморски град во Бугарија и трет по големина во земјата. Се наоѓа во северноисточна Бугарија. Варна е град-пристаниште со 330.486 жители.[2] Поради развиениот морски туризам, големиот број на хотели, како и дворецот Евксиноград, којшто е седиште на владата и претседателот на Бугарија за време на летните месеци, Варна се смета за „приморскиот главен град на Бугарија“. Варна се распростира на околу 105 квадратни километри и е административен центар на Варненската област и општината Варна.
Remove ads
Култура
Варна е центар на повеќе културни проекти, меѓу кои се и фестивалот „Варнско лето“ и филмскиот фестивал „Љубовта е лудост“. Во Варна се наоѓа и археолошки музеј во кој се изложени најстарите откриени златни предмети во светот. Тој е и балнеолошки курорт и туристичко-рекреативен центар.
Образование
Варна е важен универзитетски центар и е седиште на многу универзитети:
- Економскиот универзитет
- Медицинскиот универзитет Архивирано на 30 декември 2016 г.
- Техничкиот универзитет
- Военоморската академија "Никола Вапцаров"
- приватниот Слободен универзитет .
Галерија
- Соборната црква „Успение на пресв. Богородица“
- Историски музеj
- Железничката станица
- Грандхотел "Варна"
- Пристаниште во Златни Песоци
Врски
- На неповторливо шоу со делфини во Варна[мртва врска], Дневник, 18 март 2006
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads