Василка Костова Размова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Василка Костова Размова (? - 2 мај 1903 ) — македонска учителка и револуционерка, деец на ВМОРО.

Кратки факти Родена, Починала ...

Животопис

Thumb
Знамето што го везеле учителките

Василка Размова е родена во Охрид во семејството на Коста Размов. Завршила женската гимназија во Солун, и станала учителка во родниот град.[1] Се приклучила на женската организација на ВМОРО во Охрид Успение на Богородица. По заминувањето на Славка Пушкарова за Скопје во 1900 година, на чело на организацијата биле поставени Василка Размова и Поликсена Попантова. Учителките организирале болница за ранети и болни четници во двоспратната куќа на семејството на Андроник Скопакови. Оваа куќа била митрополија во времето кога тука делувал митрополитот Синесиј Скопски. Василка Размова учествувала во везењето на востаничкото знаме.

Василка Размова умрела по долго боледување од туберкулоза во Охрид, на 2 мај 1903 година.[2] Погребана е од владиката Методиј Охридски.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads