Ваташкото училиште „Даскал Камче“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ваташкото училиште „Даскал Камче“
Remove ads

Ваташкото училиште „Даскал Камче“ — едно од првите читалишта на село во Македонија, отворено на 19 септември, 1869 година.[1][2][3]

Thumb
Училиштето во Ваташа.

Изградба и дејност

Thumb
Гоце Делчев, одржал говор во училиштето во 1901 година, при неговиот престој во Ваташа.

Јордан Хаџи Константинов-Џинот пишувал за постоењето и функционирањето на читалиштето со напис во весникот „Право”. Просториите во кои било сместено читалиштето се наоѓале во училиштето кое го носело името на првиот македонски печатникар и преродбеник Даскал Камче Поп Ангелов.[1] Училиштето имало приземје и спрат, а било долго 22, а широко 12 метри. Имало две големи училници, помошни простории, како и соба за учителот. Училиштето започнало да се гради во 1860 година кога главен учител во Ваташа бил Андон Грков.[2][4] Селото Ваташа, било едно од првите од таков вид читалишта на село во Македонија. Било снабдено со весници, списанија и книги. На годишнината од формирањето на читалиштето, на 3 јуни 1870 година, жителите од Ваташа по завршувањето на богослужбата во црквата „Св. Богородица“ заминале во читалиштето и поголем дел од нив подариле пари за купување нови книги.[1] Меѓу дарителите биле: Хаџи Ѓорѓи Китанов – 20 гроша, Димитар Стојанов – 30 гроша, Алекси Поп Стефанов, учител - 21 грош, Даскал Тодор – 90 гроша, Христо Златев – 21 грош, Стојко Усков – 40 гроша, Стојан Станоев – 35 гроша, а од преостанатите присутни донатори биле собрани уште 112 гроша.[3]

Thumb
Училиштето (народното читалиште) во Ваташа

Како факт кој кажува дека селаните ја сакале книгата и имале почит спрема неа, се гледа преку списокот на претплатници за книгата „Служение еврејско”, од кои 312 македонски,  38 биле од Тиквешијата, а од нив, 13 биле од Ваташа. Меѓу нив биле и: Даскал Камче Колев Поп Ангелов, поп Ангеле, поп Крсте, поп Михаил, Јанаки Темелко Пинџуров, Апостол Темелков, Христо Јорданов, Томе Коџобашијата и Кимо Ќурчиев.[1][3]

Во него голем народен собир во септември 1901 година одржал Гоце Делчев, кој притоа рекол: „Чувајте го ова убаво училиште како очите во главата, затоа што куќа може полесно да се изгради, но не и вака големо и убаво училиште“. Денес училиштето не постои, а се наоѓало спроти црквата Св. Богородица.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads