Вајсенфелс (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вајсенфелс (германски: Weißenfels) бил округ на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Бургенланд, Мерзебург-Кверфурт и саксонскиот округ Лајпциг.
Remove ads
Историја
Во близина на малиот град Гозек археолозите ја открија во 1999, најстарата сончева опсерваторија во Европа, победувајќи го Стоунхенџ за повеќе од 2000 години. Околу 5000 години п.н.е. кружниот ров со пречник од 75 метри бил опкружен со дрвени палисади, со три отвори што се овозможува да се мери датумот на пролетната и есенската рамноденица. Ископувањата на наоѓалиштето се планирани да продолжат до 2007.
Округот во денешните граници бил основан во 1994, кога двата претходни окрузи Вајсенфелс и Хоенмелзен биле споени.
Remove ads
Географија
Главната река во округот е Зале, со лозја по течението на речната долина. Во источниот дел од округот има отворен рударски коп за лигнит, во близина на Хоенмелзен.
Грб
![]() |
Главниот симбол на грбот е сината лента, претставувајќи ја реката Зале. Прускиот орел во горниот десен агол бил додаден, кога оваа територија станала дел од Прусија во 1816, иако историски припаѓа на Саксонија. Листот од детелина со рударски симбол внатре бил земен од грбот на поранешниот округ Хоенмелзен. Листот го претставува земјоделството во округот, рударските чекани рудниците за јаглен. |
Градови и општини
Надворешни врски
- Службена страница Архивирано на 17 мај 2014 г. (германски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads