Вајсериц (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вајсериц (округ)
Remove ads

Вајсериц (германски: Weißeritzkreis) — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Фрајберг, Мајсен, урбаниот округ Дрезден, Саксонска Швајцарија и на југ се граничи со Чешка.

Кратки факти ВајсерицWeißeritzkreis, Земја ...
Remove ads

Историја

Округот бил основан во 1994 година, кога двата некогашни окрузи Диполдисвалде и Фрајтал се споиле. Во август 2008, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Саксонска Швајцарија и Вајсериц се споиле во новиот округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини.

Географија

Округот се наоѓа на Рудните Планини, средиштен дел е Тарантската шума. Округот го добил неговото име по двете реки Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц, кои се спојуваат близу Фрајтал во реката Вајсериц, која потоа се влева во Елба во Дрезден. Највисока точка е Калеберг на 905 метри надморска височина.

Во текот на поплавите во август 2002, реката Вајсериц надошла со повеќекратно количество вода од вообичаеното и уништила многу згради, куќи, улици и мостови низ речната долина.

Remove ads

Партнерства

  1. Ротвајл
  2. Берхтесгаден
  3. Гетинген
  4. Цолерналб

Грб

Thumb Сините линии ја симболизираат реката Вајсериц и нејзиното обединување со реките Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц. Рударскиот симбол долу ја претставува старата рударска традиција во Рудните Планини. Дрвото ги претставува големите шумски подрачја во округот и лавор десно е симбол на Мајсен, бидејќи областа историси припаѓала на грофовијата Мајсен.

Градови и општини

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads