Величка епархија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Величка епархија
Remove ads

Величката епархијаепархија, за чиј прв епископ бил хиротонисан Св. Климент Охридски кој ја носел титулата епископ Велички (893 – 916).[1] Tака е запишано во месецословот на Асемановото евангелие и во некои од неговите слова, како и во житијата.[2][3]

Thumb
Свети Климент Охридски (икона, 13-14 век)

Свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската - Величка епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров.

На 17 јули 1967 година, на Третиот црковно народен собор, одржан во Охрид во древната катедрала на охридските архиепископи „Св. Софија“ е обновена древната Величка епархија со седиште во Охрид. Епископ Велички (на возобновената епархија), бил г. Методиј (Попоски)[4].

Само после една година, на одржаниот Црковно народен собор на 17 октомври 1968 година, со одлука бр. 538, древната Величка епархија е преименувана во Дебарско-кичевска епархија, повторно со седиште во Охрид[5][6].

Remove ads

Местоположба

Точната местоположба/протирање на Величката епархија сè уште не е до крај разјаснето и постојат различни мислења, а најверојатно е дека ја опфаќала територијата од Охрид, по р. Tреска (Велика или Голема Река) до Скопје.

Во МПЦ титулата на оваа епархија се доделува само на викарни архијереи. Светиклиментовата Величко-дремвитска епархија имала чист старомакедонски словенски карактер, се богослужело и администрирало на старословенски јазик и била почетокот на автокефалната Охридска архиепископија.[7]

Според некои учени седиштето на епархијата било во Охрид, и се именувала како „Ве­лич­ка епархија“. Нејзиното име „Величка“ е добиено според името на реката „Велика“ или „Голема Река“. Тоа е исто како и современиот пример на именување на епархиите според имињата на реките, како што се: Брегалничката, Повар­дарската епархија и сл. Велич­ката епархија на свети Климента се простирала по течението на Велика Река - Голема Река - Треска, до Скопје.[8]

Според други извори Величката епархија се протегала по течението на реката Велика Морава во Србија.

Според некои извори пак Величката епархија ја покривала територијата на некогашната Велика Моравија.[9].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads