Велосипедизам на Летните олимписки игри 2004
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велосипедизмот на Летните олимписки игри 2004 се состоел од 18 настани во три дисциплини:
- Друмски велосипедизам, одржан во историскиот центар во Атина (почеток и крај на плоштадот Коција) и во Олимпискиот центар Вулијагмени (за настани на хронометар).
- Велодромски велосипедизам, одржан на Олимпискиот Велодром.
- Планински велосипедизам, одржан на Парнита.
Вкупно, учествувале 464 велосипедисти: 334 мажи и 130 жени, од 61 земји. Најмладиот учесник бил Игнатас Коноваловас, со 18 години, додека најстара беше Жани Лонго, со 45 години. Најуспешен натпреварувач бил Бредли Вигинс, кој освоил три медали: по еден златен, сребрен и бронзен.[1]. Најуспешна земја била Австралија, која освоила 6 златни од 11 вкупно медали. Русија и Велика Британија се нашле на второто место со 3, односно 2 злата. По дисквалификацијата, В. Екимов од Русија бил награден со својот втор златен медал во машки хронометар, бранејќи ја својата титула од 2000 година и третиот златен медал во целина. Својата прва победа ја постигнал во 1988 година, кога се натпреварувал со советскиот тим[2].
Remove ads
Медалисти
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads