Велушки манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велушки манастир — манастир во близина на битолското село Велушина.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Remove ads
Местоположба

Манастирот се наоѓа над селото, на десната страна од Велушка Река.[2] Од селото е оддалечен неполни 2 километри во западна насока, сместен на едно возвишување од каде се гледа целиот јужен дел од Пелагониската Котлина.
До манастирот води тесен асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Барешани. Во комплексот се влегува низ големата манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од црквата.[3]
Remove ads
Историја
Манастирот бил подигнат во XIX век,[2] поточно во 1839 година.[3]
Манастирот бил разрушен за време на Првата светска војна, а по завршувањето на војната бил обновен.[2]
Манастирот бил тешко погоден во земјотресите во јануари 2022 година, при што се забележани изронети фрески во манастирската црква, распукани тавани, ѕидови и подови, а се срушиле и делови од конаците. Исто така, се распукала и камбанаријата и повеќе не била во функција.[4]
Remove ads
Градби во манастирот
Манастирот е составен од трикорабната црква „Св. Ѓорѓи“, малата црква „Покров на Пресвета Богородица“, камбанарија, помошни објекти и конаци.[2]
Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.[5]
Црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата била подигната во 1839 година и претставува главна манастирска црква посветена на Свети Ѓорѓи.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Во рамки на конаците на манастирот се наоѓа мала црквичка посветена на Покров на Пресвета Богородица.
Галерија
- Помошен објект
- Конакот
- Конакот во 2014 г.
- Манастирскиот двор
- Крстот
- Нов конак во изградба
- Влезната порта
- Воздушен поглед
- Конакот
- Горниот кат на конакот
- Влезот
- Ниша над влезот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads