Вентролатерална медула

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Вентролатералната медула е регион во продолжениот мозок (латински: medulla oblongata) и дел од ретикуларната формација во мозочното стебло (лат. Formatio reticularis), кој игра голема улога во регулирањето на артерискиот крвен притисок и дишењето . Вентролатералната медула го регулира крвниот притисок со регулирање на активноста на симпатичките нерви кои се насочени кон срцето и периферните крвни садови. [1]

Вентролатералната медула се состои од рострална вентролатерална медула (RVLM) и каудална вентролатерална медула (CVLM). [2] Невроните во RVLM проецираат директно до симпатичките преганглионски неврони во ' рбетниот мозок (лат. Ncl. intermediolateralis) и одржуваат тонична активност во симпатичките вазомоторни нерви, т.е. се одговорни за базалниот вазомоторен тонус на артериските крвни садови и затоа се наречени пресорна област на мудулата. Активноста на невроните во RVLM е инхибирана од инхибиторни GABA-неврони од CVLM. [3] [4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads