Вернер фон Браун

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вернер фон Браун
Remove ads

Вернер Магнус Максимилијан Фрајер фон Браун (германски: Wernher Magnus Maximilian Freiherr von Braun; 23 март 1912 - 16 јуни 1977 ) ― германски, подоцна натурализиран американски, инженер за воздухопловство[1] и вселенски архитект. Бил член на Нацистичката партија и Алгемајне СС, а исто така и еден од најистакнатите научници кои придонеле во развојот на ракетната технологија во нацистичка Германија. Подоцна бил пионер на ракетната и вселенската технологија во САД.[2]

Кратки факти Вернер фон Браун, Роден(а) ...

Роден е во Вижиск, Полска, тогаш во покраината Познањ (Позен) на Германското Царство. Уште од детството фасциниран од вселенските летови, фон Браун се зачленил во германското вселенско друштво VfR како адолесцент. Помогнал во дизајнирањето и развивањето на ракетата V-2 во Пенеминде за време на Втората светска војна. V-2 станал прв вештачки објект лансиран во вселената на 20 јуни 1944 година. По војната, заедно со околу 1.600 други германски научници, инженери и техничари бил тајно преместен во САД, како дел од операцијата Спојувалка.[3] Работел за Армијата на Соединетите Американски Држави на програма за балистички ракети со среден дострел и ги развил ракетите што го лансирале првиот американски вселенски сателит Eксплорер 1 во 1958 година. Од 1955 до 1957 година, работел со Волт Дизни на низа филмови, кои во САД и пошироко ја популаризирале идејата за човечко вселенско патување.[4]

Во 1960 година, неговата група била приклучена кон НАСА, каде што бил директор на новоформираниот Маршалов центар за вселенски летови и главен архитект на лансирната машина Сатурн V која го исфрлила вселенското летало Аполо кон Месечината.[5] [6] Во 1967 година, Вернер фон Браун бил примен во американската Национална академија за инженерство, а во 1975 година го добил Националниот медал за наука.

Вернер фон Браун бил многу контроверзна личност. Има широко прифатено мислење дека не одговарал за неговите нацистички воени злосторства затоа што на Американците им било поважно да ги победат Советите во Студената војна.[7] [8] [9] Исто така, тој се смета за: „татко на вселенското патување“,[10] „татко на ракетната наука“[11] и „татко на американската лунарна програма“. [7] Се залагал за човечка мисија на Марс.

Remove ads

Надворешни врски

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads