Веспрем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Веспрем (унгарски: Veszprém; словенечки: Belomost) е значаен и еден од најстарите градови во Унгарија, сместен во средишниот дел на државата. Веспрем е главен административен центар на округот со исто име Веспрем.
Оваа статија е за градот, за округот видете Веспрем (округ).
Според податоците од 2008, градот има население од 62.286 луѓе.
Remove ads
Географија
Веспрем се наоѓа во средишниот дел на Унгарија. Од престолнината на унгарската држава Будимпешта, е оддалечен околу 110 километри западно. Со главниот град, Веспрем е поврзан со современиот автопат М7. Од езерото Балатон е оддалечен 15 км на север.
Градот се наоѓа во средишниот дел на Панонската низина, во средиштето на панонското брдо, кое се наоѓа северно од Балатон. Градот нема река. Климата е умереноконтинентална.
Remove ads
Историја
Првите траги од човечки населби на територијата на Веспрем, се врзани со праисторијата. Посебно е значајно франското владеење во раниот среден век, кога на оваа територија е подигнат замок, кој го затекнале Унгарците по доселувањето во Панонија.
Веспрем бил многу значаен во раната унгарска историја, посебно по прашањето на развојот на Католицизмот. Градот претставува прво христијанско средиште на унгарско тло - во 1009 година овде била основана архиепископијата.
Во средината на 16 век, градот го заземаат Отоманците и населбата пропаѓа. Во 1688 година царот на Светото Римско Царство Леополд I успеал да го ослободи градот од отоманското ропство и градот наскоро добил градски права. Со власта на Хабсбурците, во игра се враќа и католичката црква. Во XVIII век градот нагло се развива и станува значајно културно и управно средиште.
За време на Унгарската револуција 1848/1849 год. Веспрем немал значајна улога, па поради тоа и не настрадал многу. После револуцијата градот брзо се подигнал и набргу добил и железничка врска со Будимпешта. Исто така во овој период биле подигнати и голем број на нови градби, а бројот на населението во градот се зголемил.
После Првата светска војна, градот се нашол во рамките на новооснованата унгарска држава. За време на другата половина на 20 век, градот уште повеќе се развил и се зголемил бројот на населениет. За време на изминативе години на унгарската транзиција, поради поволната положба помеѓу престолнината и западот, градот полесно поминал низ транзиционата криза отколку некои други градови во државата.
Remove ads
Население
Веспрем денеска има население од околу 62.000 луѓе, а населението во последните години расте сè повеќе и повеќе. Некогашното еврејско население исчезнало во Втората светска војна.
Етнички групи
Населението во градот според националност: (попис од 2001)
Религија
Населението во градот според деноминации: (попис од 2001)
- Римокатолици - 57%
- Калвинисти - 9.7%
- лутеранци - 3%
- Други - 1.3%
- Атеисти - 19%
- Без одговор - 10%
Галерија
- Веспремскиот замок.
- Католичка катедрала.
- Куќи во стариод дел на градот.
- Дворот на округот.
- Градската куќа.
- Универзитетот во Веспрем.
- Плоштадот Лајош Кошут.
- Староградскиот плоштад.
Надворешни врски
![]() |
„Веспрем“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Англиски страни Архивирано на 14 март 2009 г. на официјалната страница
- Панонски универзитет (поранешен универзитет Веспрем)
- Воздушна фотографија: Веспрем
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads