Ветрот се засилува

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ветрот се засилува
Remove ads

Казе Тачину (風立ちぬ, Kaze tachinu, Ветрот се засилува) Казе Тачину е јапонски анимиран филм од 2013 година напишан и режиран од Хајао Мијазаки[1]. Филмот е заснован на истоименувана манга на Мијазаки, која е заснована на новела на Тацуо Хори, јапонски писател, поет и преведувач од 20 век (јапонскиот период Шова). Казе Тачину е фикционизирана биографија на Џиро Хорикоши, дизајнер на популарниот јапонски воен авион Мицубиши А6М Нулта кој бил користен во втората светска војна.

Кратки факти „Ветрот се засилува“, Режисер ...
Remove ads

Настапуваат

  • Џиро Хорикоши (Хидеаки Ано)
  • Наоко Сатоми (Миори Такимото)
  • Хонџо (Хидетоши Нишиџима)
  • Курокава (Масахико Нишимура)
  • Касторп (Стив Алперт)
  • Сатоми (Морио Казама)
  • мајката на Џиро (Кеико Такешитака)
  • Кајо Хорикоши (Мираи Шида)
  • Хатори (Џун Кунимура)
  • госпоѓа Курокава (Шинобу Отаке)
  • Капрони (Номура Мансаи)

Аргумент

Филмот го раскажува животот на Џиро Хорикоши, човекот кој го дизајнирал борбениот авион Нулта, кој бил користен за нападот на Перл Харбор за време на втората светска војна. Хорикоши бил пилот и аеронаутички инженер, кој дизајнирал неколку воени авиони. Филмот почнува прикажувајќи го детството на пилотот и постепено стигнува до зенитот на Џиро во светот на авионите.

Приказна

Порака

Продукција

Казе Тачину е режиран од Хајао Мијазаки, кој е познат по филмовите Мојот сосед Тоторо, Авантурите на малечката Чихиро, Принцезата Мононоке и Подвижниот замок на Хоул.[2] Ова е првиот филм кој Мијазаки ќе го режира после пет години; негово последно дело е Поњо од 2008 година.[3] Казе Тачину е заснован на манга од Хајао Мијазаки која е издавана во месечното списание Model Graphix во 2009 година.[2] Приказната во мангата е неколку заснована на новелата на Тацуо Хори „Казе Тачину“ напишана во 1936-1937.[4]

За гласот на протагонистот Џиро Хорикоши е избран Хидеаки Ано, режисер на дела како што се Надја од Мистериозните Мориња и Евангелион. Ано е долгогодишен пријател и поранешен помошник на Мијазаки. Ано и Мијазаки се порано соработувале на филмот на Мијазаки, Наусикаа од Долината на Ветрот.

Името на новелата на Тацуо Хори и исто така на филмот на Мијазаки доаѓа од поемата „Морнарски гробишта“ на францускиот поет Пол Валери каде поетот пее “Le vent se lève! . . . il faut tenter de vivre! или „Ветрот се засилува... мора да се обидеме да живееме!

Насловната песна Хикоки-гумо (ひこうき雲, [авионска трага] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)) е од 1973 година напишана и изведена од Јуми Мацутоја. Мацутоја претходно има соработувано со Мијазаки и има напишано две песни за неговиот филм Испорачката на Кики.

Казе Тачину и Кагуја-химе но Моногататари беа официјално најавени од Студио Гибли и Тохо на 13 декември, 2012.[3]

Remove ads

Издавање

Казе тачину треба да биде издаден истовремено со Кагуја-химе но Моногатари, друг филм на Студио Гибли режиран од Исао Такахата, летото на 2013 во Јапонија.[3] Ова е првиот пат делата на двајцата режисери да бидат издадени истовремено после издавањето на филмовите Мојот сосед Тоторо и Гробот на Светулките во 1988 година.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads