Ветрушка

Вид на птица From Wikipedia, the free encyclopedia

Ветрушка
Remove ads

Ветрушка (науч. Falco tinnunculus) — граблива птица која припаѓа на од семејството соколи (Falconidae) редот соколовидни (Falconiformes). Таа се среќава и во Македонија.

Кратки факти Ветрушка, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Се среќава во Европа, Азија, и Африка, но понекогаш може и да се сретне на источниот брег на Северна Америка.

Ветрушката е долга 32-39 см од глава до опашка, со распон на крилјата од 65 до 82 см. Женските ветрушки се видливо подолги и тежат од 154 до 314 г (просечно 184 г), додека машките тежат од 136 до 252 г (просечно 155 г). Тие се помали за разлика од другите птици-грабливки, но поголеми од повеќето птици-песнопојки. Како и останатите соколовидни видови, ветрушките имаат долги крилја и опашка.

Нивните пердуви се главно светли со боја на костен и со црни дамки на надворешниот, а светложолти на внатрешниот дел. За разлика од повеќето птици-грабливки, половите на ветрушките се разликуваат меѓусебе. Машките имаат помалку црни дамки, и сивосина глава и опашка.

Кај женските опашката е кафеава со црни линии и има црн завршеток, кој исто така го имаат и машките. Ветрушките имаат јасно видлива црна лента на образите. Младенчињата се слични како женките. Како новороденчиња се целите покриени со бели пердуви, кои се сменуваат во светлосиви пред да ги сменат за нивните први вистински пердуви.

Исхрана

Додека лови, ветрушката лета на височина од околу 10-20 метри над земјата барајќи плен и користејќи го ветрот. Како и повеќето птици-грабливки, ветрушката има многу добро развиен вид со којшто може да забележи дури и помали пленови од поголема далечина. Откако ќе го забележи пленот, таа се насочува кон него со еден брз, краток и прецизен лет. Поради развиениот вид, ветрушката може да ја види трагата од урина на животните додека светка на сончевата светлина. Ветрушката јаде цицачи, глодачи и влекачи.

Размножување

Сезоната за парење на ветрушката е на пролет (на почетокот на сувата сезона – април, мај) во Европа, а понекогаш помеѓу август и декември во тропските и јужните делови на Африка. Се гнезди во дупки во камења, дрва или објекти.

Снесува од три до шест јајца коишто се ишарани со кафеави дамки. Инкубацијата трае околу еден месец, и на јајцата лежат само женките. Мажјакот е одговорен за снабдување со храна.

Remove ads

Ветрушката како тема во уемтноста

Литература

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads