Вештачки елемент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вештачки елемент — хемиски елемент кој не се среќава природно на Земјата, туку може да се добие само по вештачки пат. Досега се пронајдени 24 вештачки елементи, и имаат атомски броеви од 95 до 118. Сите се нестабилни, со полураспади од 15,6 милиони години до неколку стотини микросекунди.

Вештачки елементи
Ретки радиоактивни природни елементи; често вештачки добивани
Седум други се првпат добиени по вештачки пат, но подоцна се пронајдени и во природата (како примеси); таквов е плутониумот, познат по употребата во енергетиката и војувањето.
Remove ads
Својства
Вештачките елементи се радиоактивни и набргу се распаѓаат во полесни елементи, имајќи полураспад кој е толку краток во однос на староста на Земјата (4,6 милијарди години), што секој ваков атом што постоел при нејзиниот настанок е одамна распаднат. Атоми на вештачките елементи се јавуваат во Земјата само како последица од атомски бомби или опити со јадрени реактори или забрзувачи на честички, по пат на јадрено соединување или неутронско впивање.[1]
Атомската маса на природните елементи се заснова на просечната застапеност на нивните изотопи во Земјината кора и атмосфера. Кај вештачките елементи, изотопот зависи од начинот на добивање, па затоа бесмислено е да се говори за природна застапеност. Затоа, кај вештачките елементи во загради се наведува атомскиот број, кој претставува вкупниот број на нуклеони (протони и неутрони) и е најстабилниот изотоп т.е. со најдолг полураспад.
Remove ads
Историја
Првиот елемент откриен по вештачки пат е технециумот, чие постоење е конечно потврдено во 1936 г. Со ова е пополнета празнина во периодниот систем; фактот што не постојат стабилни изотопи на овој елемент го објаснува неговто отсуство во природата (како и празнината). Најдолговечниот изотоп (Tc-98) има полураспад од 4,2 милиони години, па затоа денес нема технециумски атоми преостанати од настанокот на Земјата. Во Земјината кора се присутни крајно мали примеси од овој елемент, и тоа како спонтан производ од цепењето на ураниум-238 или со неутронски зафат во молибденските руди. Сепак, овој елемент е природно застапен во ѕвездите наречени црвени џинови.
Првиот откриен вештачки елемент е кириумот, добиен во 1944 г. од Глен Сиборг, Ралф Џејмс и Алберт Гиорсо со бомбардирање на плутониум со алфа-честички. Набргу се откриени и америциумот, берклиумот и калифорниумот. Ајнштајниумот и фермиумот се откриени од научна екипа под водство на Алберт Гиросо во 1952 г. при изучувањето на радиоактивниот отпад од првата водородна бомба. Екипата ги открила изотопите ајнштајниум-253 (полураспад од 20,5 дена)[2] и фермиум-255, (полураспад од 20 часа)[3].
Подоцна се откриени менделевиумот[4], нобелиумот и лоренциумот. Во екот на Студената војна, СССР и САД независно ги откриле радерфордиумот и дубниумот.
Сите елементи со атомски броеви над 99 немаат никаква примена и служат само за научно истражување поради крајно краткиот полураспад.
Remove ads
Список на вештачки елементи
Следниве елементи не се среќаваат во природата на Земјата. Сите од нив се поураноумски елементи и имаат атомски број од барем 95.
Природни, но обично вештачки добивани елементи
Сите елементи со атомски броеви од 1 до 94 се среќаваат во природата барем како примеси, но следниве вообичаено се добиваат по вештачки пат. Со исклучок на полониумот, франциумот, актиниумот и протактиниумот, сите се откриени во вештачка постапка пред да се откријат во природата.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads