Вештачки радиоизотоп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вештачки радиоизотоп — радиоизотоп кој не се среќава во природата: не постојат природни механизми кои го произведуваат, или истиот е толку неустојчив што се распаѓа за многу кратко време. Такви примери се технециумот-95 и прометиумот-146. Многу од нив се собираат од строеви за јадрено гориво. Некои се добиваат само во забрзувачи на честички.
Добивање
Извесни вештачки радиоизотопи се вадат од истрошени прачки во јадрен реактор, кои содржат разни производи од цепење. На пример, се проценува дека до 1994 г. се произведени околу 49.000 TBq (78 тони) технециум присутни во нукеларни реактори — во огромна мера најголем извор на земски технециум.[1] Меѓутоа, само мал дел од произведеното наоѓа стопанска употреба. Други вештачки изотопи значителни количества се добиваат по пат на цепење, но сè уште не се извадени. Трети пак, се добиваат со неутронско озрачување на матични изотопи во јадрен реактор (на пр. Tc-97 се добива со неутронско озрачување на Ru-96) или пак со бомбардирање на матичните изотопи со високоенергиски ечстички од забрзувач.[2]
Remove ads
Употреба
Највеќето вештачки радиоизотопи се крајно радиоактивни и имаат кус полураспад. Иако не се безопасни, радиоактивните материјали наоѓаат широка примена во здравството и индустријата.
Јадрена медицина
Општото поле на јадрената медицина се занимава со примената на радиоизотопи во лекувањето.
Дијагностика
Функционирањето на разни органи во телото може да се следи со радиоактивни трагачки соединенија, каде трагачот се привлекува или згуснува со дејството што се проучува. Трагачот содржи краткотраен радиоактивен изотоп (обично кој дава гама-зрак) со доволно енергија за да се движи низ телото и да биде видлив со гама-камера која потоа ги прикажува згуснатостите. Поради делотворноста на ваквите направи, потребни се многу мали дози на радиоактивен материја.
Метаустојчивиот нукеларен изомер Tc-99m е гама-оддавач со широка примена во дијагностиката поради краткиот полураспад од 6 часа, кој лесно се добива во болниците користејќи т.н. „технециумска крава“.
Лекување
Радиоактивните препарати се соединенија кои радиоизотоп за лекување, обично со негово големо згуснување близу дадениот орган. Таков пример е јодот-131, со кој се лечат извесни заболувања и тумори на штитната жлезда.
Индустриски извори на зрачење
Индустриски полезни се зрачењата на алфа-, бета- и гама-честичките. Изворите на ова зрачење се вештачки радиоизотопи.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads