Гноиво

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гноиво
Remove ads

Гноиво[1] или ѓубривоматерија која се додава на почвата за подобрување на плодноста. Нагнојувањето може да биде со природно или вештачко гноиво,[2] каде што секој материјал од природно или синтетичко потекло се додава и нанесува на почвите или на растителни ткива за снабдување на една или повеќе растителни хранливи материи кои се неопходни за растот на растенијата. Гноивата придонесуваат за плодноста на почвата со додавање на органска материја и хранливи материи (пр. азот), кои се користат од бактерии, габи и други организми во почвата. Според начинот на производство и потекло на состојките постојат природни и индустриски произведени гноива. Арското или шталско гноиво е органска материја најчесто добиени од животински измет по природен пат, освен во случај на зелено гноиво, кое може да се користи како органско гноиво во земјоделството. Вештачките гноива се добиват по пат на примена на различни хемиски методи за нивно производство.

Thumb
Гноиво во селото Костинци, Прилепско.
Remove ads

Состав

Според составот гноивата може да бидат: органски кои се состојат од збогатена органска материја од растително или животинско потекло и неоргански минерални гноива составени од вештачки супстанции и/или минерали.

Воообичаено, гноивата ги содржат следните елементи (во променливи пропорции):

Шталскиот смет е мешавина од крутиот и течниот измет на домашните животни и простирката[3]. Оваа мешавина на изметот и простирката подложна е после одредено време на разлагање, и настанува зрело (прегорено) арски смет.[3] Зрелиот шталски смет е сиромашен со лесно растворливи, а богато со тешко растворливи органски материи.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads