Видлич
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Видлич е планина во Србија и Бугарија, источно од Пирот, помеѓу теченијата на Нишава и Височица, притоката на Темштица (Темске). Највисоки врвови се Басарски камен 1377 м, Велика стена 1329 м, Голем врх 1371 м, Смиловски камен 1348 м. Југоисточниот дел од планинскиот гребен е пресечен со државната граница кон Бугарија. Највисок врв во Бугарија е Вучи баба.
Припаѓа на мезозојската зона на западниот Балканот. Во геолошки и тектонски поглед, Видлич претставува навлака, која е навлечена преку старопланинската зона[1]. По должината на раседаотна јужната страна се развила низа од удолини: димитровградска, пиротска, ѓурѓевополска и белопаланачка. По должината на раседот е и појас од терми, Даг-Бањица во долината на Градашничка река и Бањица кај Пирот.
Видлич делумно е обешумен без површинско отекување на просторот од 141 км2, неплоден и освен југосточниот дел ненаселен. Овде се наоѓа Јеловичко врело.

Remove ads
Галерија
- Крашко вдлабнување (вртача) воподножјето на Видлич.
- Поглед на планината од стазата која води кон видиковецот Козји камен.
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads