Видно поле

From Wikipedia, the free encyclopedia

Видно поле
Remove ads

Видно поле се нарекува целосното подрачје кое го гледаме додека очите ни се фокусирани во центар или простор што едното око го ѕабележува додека погледот е насочен во една точка. Севкупно видно поле на човекот ѕависи од анатомска положба на главата, од физичка состојба на очите. Видното поле се намалува при замор, оштетување на очниот нерв, тумори и др. заболувања.

Thumb
Видно поле

Испитување на видното поле

Периметријата претставува одредување на видното поле односно проучување на границите на видните полиња со нивната проекција врз сферична површина. Со испитување на видното поле мериме две работи: колку далеку гледаме настрана гледајќи напред пред себе и колку е осетлив нашиот вид во различни делови на видното поле.

Thumb
Рачна периметрија

Постојат неколку методи на испитување на видното поле: тест на конфронтација, Голдманова периметрија и автоматска или компјутерска периметрија.

Периметријата задолжително се прави со исправка за близу ако пациентот има таква. Се испитуваат едно по едно око. Пациентот соодветно позициониран потребно е да го идентификува со притискање на тастер од апаратот секој забележан стимул, точка.

Промените во видното поле ќе бидат различни како последица на лезии на мрежницата, оптичкиот нерв, визуелните патишта и визуелните центри на мозокот.

Како резултат се добива пишан приказ од мониторинг на просторот кој може да се види кога окото е поставено да гледа нанапред, вклучувајќи ги и централниот и периферниот вид.

Нормални граници

Нормалното видно поле на човекот опфаќа околу 60 степени назално, околу 60 степени над и 75 степени под хоризинталната линија. За нормално возење потребни се приближно 60 степени од секоја страна на вертикална линија, и 20 степени над и под хоризонтална линија.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads