Бисалтија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бисалтија
Remove ads

Бисалтија или Визалтија — област во Античка Македонија по долниот тек на реката Стримон. Населението Бисалти живеело западно и источно од Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Струма).[1] Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар I Македонски и проширувањето на државата до Стримон.[2]

Thumb
Македонското кралство, непосредно по смрта на Филип Македонски, 336 гпне
Thumb
Монети кои потекнуваат од Бизалтија, околу 475-465 гпне. Октадрахма (28.68 g)

Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Струма се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар I Македонски во V в. пне.

Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др.[3]

По Македонско-римските војни по 148 година, Бисалтија ѝ припаѓа на првата мерида.

Remove ads

Денешна општина

По областа е именувана и општината Визалтија во Серскиот округ, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads