Византиска архитектура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Византиска архитектура
Remove ads

Византиската архитектура е архитектонски стил кој настанал на територијата на Источното Римско Царство (во модетните текстови познато како Византија). Постепениот подем на уметничко и културно ниво настапил по 330 година, кога царот Константин I Велики ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, или подоцна попознат како Новиот Рим (или како што подоцна ќе се нарекува Цариград, односно Истанбул). Империјата, која постоела повеќе од илјада години, драматично влијаела во создавањето и изградбата на средновековната архитектура во Европа. По падот на Цариград во 1453 година, елементите на византиската архитектура во голема мера се задржиле и кај османлиската архитектура.[1][2]

Thumb
Богородица Себлагословена, е една од најпознатите грчки православни византиски цркви во Истанбул
Thumb
Црква „Света Ирина “ во Истанбул
Remove ads

Преглед на постоечките споменици

Раната византиска архитектура претставува продолжение на римската архитектура. Постепеното развивање на самата култура, создавањето на сопствени елементи во архитектурата, со влијание од Блискиот Исток, како и користењето на грчкиот крст во црковната архитектура доведува до сè поголемо развивање на византиската архитектура. Главен градежен материјал при изградбата на згради и некои други објекти било тула и камен. Куполите на објектите, посебно на црквите зазимале со поголема височина, како и украсувањето на прозорците.

Remove ads

Рана архитектура

Се смета дека првичен белег на тоа што подоцна ќе претставува византиска архитектура датираат уште од времето на Јустинијан I. Најпознатите зачувани градби од овој период се наоѓаат во градовите Равена (во Италија), и Цариград (Црквата Света Софија). Еден од главните моменти во рановизантиската архитектура е преминот на комплексниот систем на градби од квадратен план во кружна купола или куполи на црквата. Јустинијан ја има честа да се смета за човекот одговорен за поставувањето на првите стандарди на византиската естетика во архитектурата, помеѓу другото и поради тоа што во периодот на неговото владеење било дојдено до научни сознанија кои овозможиле дополнителен квалитет во архитектонското изразување.

Во Равена, која во 402 година била престолнина на западното византиско царство, базиликата Сант Аполинаре Нуово е со осумаголна форма, црква порачана од страна на царот Јустиниан I, кој самиот тој никогаш не ја видол. Градбите на Јустинијан I во Цариград ги вклучуваат куполите на црквите Света Софија и Света Ирина. Во тоа време, Аја Софија ја имала најголемата купола на светот, која се потпира на две т.н. полукуполи и кружни пандатифи. Црквата Мала Света Софија е комбинација од елементите на самата базилика и централизираната зграда.

Овој период го вклучува и остатоците од Големиот дворец во Цариград, Цариградските ѕидини, и Цистерна на базиликата. Базиликата Свети Димитар во Солун, Синајскиот манастир на планината Синај, манастирот Џавари во Грузија го стават крајот на рановизантиската архитектура во 7 век.

Remove ads

Среден период

Средниот период од византиската историја нема големо значење за архитектурата. Црквата Света Софија во Солун и разрушената црква во Никеја од 1920-тите се само ретките архитектурни дела во Византија за тоа време. Македонската династија во Византија не оставил голем впечаток во областа на архитектурата. Крстот во квадратна форма исто така преовладувал во словенските земји. Црквата Света Софија во Охрид и Катедралата Света Софија во Киев се прост пример за византиската архитектура од тоа време.

Комнинска и палеолошка архитектура

Во Цариград и Мала Азија, архитектурата во времето на Комнините скоро останал незабележителен, исклучувајќи го Кападокија и црквата „Свети Пантелејмон“ во Цариград. Голем дел од архитектурата се преврнал по византиските покраини. Палеолошкиот период се одликува со повеќе изградби на цркви во Цариград, посебно црквата Исус Спасител и манастирот Богородица Памакаристос.

Структурна еволуција

Уште во времето на Константинските градби во Палестина постоеле два главни типа кои биле користени во архитектурата: базилика, претставуван од Светиот Гроб и кружен или централен тип претставена од големите осумаголни куполи во Антиохија. Таканаречениот централен тип се одликува со многу дебел ѕид. Пример за овој тип е Црквата Свети Ѓорги во Солун и Црквата посветена на Светите Апостоли во Истанбул. Во оваа црква, која датира од 6 век, биле изградени пет куполи, од којшто централната била најголема. По 6 век замрело изградбата на цркви, коишто бил можеле да им парираат на оние цркви кои биле изградени во времето на Јустиниан I. Таканареченото централно место или зона, која ја опфаќа и куполата е со квадратна форма, но понекогаш може да се јави и во форма на осумаголник.

Remove ads

Византиско наследство

Во крајна сметка, византиската архитектура на западниот свет му го отвори патот кон романската и готската архитектура. Во источниот свет, таа има големо влијание врз раната исламска архитектура, вклучувајќи ја и Омајадската џамија во Дамаск и Златната купола во Ерусалим.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads