Посетница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Посетница
Remove ads

Посетница[1][2] или визит-карта[3][4] — картичка што содржи деловни информации за компанија или поединец ангажиран во бизнис.[5][6] Се споделува за време на формални настани. Обично вклучува: име на давателот на картичката, компанијата или деловна припадност (обично со лого) и информации за контакт, како што се адреса, телефонски броеви, броеви на факс, е-адреси и мрежно место . Со развојот на услугите за социјално вмрежување, често на посетниците се наоѓаат и страниците на социјалните мрежи. Картичките традиционално имале едноставен црн текст на бела заднина, а препознатливиот изглед бил посакуван знак на професионалност. Технолошкиот напредок на крајот на XX век внел промени во стилот, па професионалните посетници често вклучуваат еден или повеќе аспекти на впечатлив визуелен дизајн.

Thumb
Посетница на Војислав Илиќ Помладиот од 1922 година.

Не постои стандард за размерите на посетниците. Некои се со слични размери поради можноста за полесно складирање. На пример, банкарските картички (85,60 × 53,98 мм) и деловните картички во Западна Европа (85 × 55 мм) се речиси со иста големина.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads