Викториина Земја

регион на Антарктикот From Wikipedia, the free encyclopedia

Викториина Земја
Remove ads

Викториина Земја (англиски: Victoria Land) — област на Антарктикот источно од Росовото Море и Росовата Ледена Плоча, протегајќи се во јужен правец од 70°30' ЈГШ до 78°00' ЈГШ, а на западен од Росовото Море до работ на Антарктичката Висорамнина.[1] Карпестиот ’рт Мина се смета за најјужната точка на Викториината Земја, и ги двои Скотовиот Брег на север од Хиларииниот Брег во Росовата Зависност на југ.

Thumb
Викториината Земја на карта.

Областа прв ја открил британскиот капетан Џејмс Кларк Рос во јануари 1841 г. и ја нарекол по кралицата Викторија.[1] Позначајни истражувачки потфати прв направил австралискиот геолог Даглас Мосон од 1911 до 1914 г. Почнувајќи од 1971 г. на брегот на областа работи руската истражувачка станица „Ленинградскаја“.

Во областа се протега дел од Трансантарктичките Планини, Мекмердовите Суви Долини со реката Оникс (најголема на континентот) и низината Лавиринт.

Remove ads

Планини

  • Ропер (3.660 м)
  • Брабек (2.460 м)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads