Викторија (езеро)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Викторииното Езеро — најголемото езеро во Африка, а второ слатководно езеро во светот и главен резервоар на реката Нил. Езерото има груб четириаголен облик, а се наоѓа во средиштето на висорамнината што ги раздвојува западниот и источиот крак на Големата Раседна Долина. Создадено е пред околу 2 милиони години, кога зголемувањето на косината на Земјата кора меѓу краците ја пренасочило површинската вода во плитка вдлабнатина на површината на висорамнината. Викторииното Езеро нема големи притоки - неговото иво го одржуваат обилните врнежи и водата што дотекува од околните ридови.[4] Неговите брегови се една од најгусто населените области во Африка, а градовите Кампала, Кисума и Мванза се наоѓаат во непосредна близина. Големиот број острови во езерото, исто така, се населени. Северниот брег се одликува со многу долги и тесни полуocтрови, меѓу кои има мочуришни области што се прошируваат далеку од внатрешноста на копното и претставуваат засолниште на реткиот вид на големата антилопа ситатунга. Викторииното Езеро потекнува од пред 20 милиони години - што значи дека е многу старо кога се во прашање езерата - и во него се развиле неколку стотини ендемски видови, главно риби од родот циклиди внесувањето на нилскиот костреш (ендемски вид риба во Нил и Туркана) во северниот дел на езерото се покажа како еколошка катастрофа за езерските видови риби. Кострешот е грабливец кој јаде многу и денес живее во сите делови на езерото, така што бројот на домородните видови риби е на загрижувачко ниво.[5]
Езеро Викторија е најголемото езеро во Африка . Езерото Викторија ги опфаќа источните делови на Африка помеѓу државите : Танзанија , Уганда и Кенија . Викторија зафаќа 68 000 км2 површина , длабоко е 84 метри и се наоѓа на 1.134 метри надморска височина . Од Езерото Викторија извира Реката Нил којашто е најголема река во Африка со 6 . 970 километри должина и се влева во северните делови на Средоземното Море . Реката Нил се дели на два дела : Бел и Син Нил . Езерото Викторија е најголем резервоар на вода , на Реката Нил .
Remove ads
Наводи
Галерија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads