Боргеска галерија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Боргеска галеријаmap
Remove ads

Боргеската Галерија (итал. Galleria Borghese) е уметничка галерија сместена во поранешната палата Вила Боргезе Пинчијана, опкружена со огромен парк во центарот на Рим. Галеријата изложува значаен дел од Колекцијата Боргезе на слики, скулптури и антиквитети, која почнал да ја собира кардиналот Скипионе Боргезе (1576 – 2 октомври 1633), внук на папата Павле V. Вилата била изградена од архитектот Фламинио Понцио врз основа на нацрти од Скипионе како вила за излети и забави на ридот Пинчио, на периферијата на тогашниот град, и целосно била завршена во 1633.

Кратки факти Основан, Место ...

Скипионе бил првиот патрон на Џан Лоренцо Бернини и посветен собирач на дела од Караваџо кој денес е претставен во галеријата со сликите „Момче со кошница овошје“, „Свети Ероним“, „Болниот Бахус“ и други. Други значајни слики се „Света и земна љубов“ од Тицијан, „Погребението Христово“ од Рафаел и дела од Петер Паулус Рубенс и Фредерико Барочи.

Една од погодностите на галеријата е тоа што е компактна и сместена во само 20 простории на два ката, така што може да се разгледа за помалку од 2 часа.

Во 1808 година принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе, зет на Наполеон,[1] бил присилен да му ја продаде колекцијата на римски скулптури и антиквитети на императорот. Поради тоа, „Боргескиот гладијатор“, позната и најценета скулптура од колекцијата, денес се наоѓа во Лувр. Самата Паулина пак, позирала полуоблечена за статуата „Венус Виктрикс“ (1805) од Канова, која се наоѓа во приземјето на галеријата.

Remove ads

Колекции

Скулптури и мозаици

На приземјето се сместени класични антиквитети од 1.-3. век, вклучувајќи го и мозаикот со гладијатори кој бил откриен на друго место во Рим во 1834. Од класичните и неокласичните скулптури се издвојуваат „Венус Виктрикс“ од Канова, и голем број дела од Бернини.

Thumb
Мозаикот со гладијатори, околу 320. година.
Thumb
Венус Виктрикс од Канова.

Бернини во галеријата Боргезе

Многу од скулптурите на Бернини се изложени токму на местата за кои биле планирани. Некои од позначајните се „Јарецот Амалтеа со бебето Јупитер и Фаун“ (1615),[2], „Аполон и Дафне“ (1622–25)[3] и „Давид“ (1623)[4] кои се сметаат за зачетници на барокната скулптура.

Слики

На горниот кат се сместени поголемиот дел од вредните дела од Тицијан, Рафаел, Караваџо, и други познати мајстори.

Колекција на музички инструменти

Оваа колекција е составена од инструменти од западните и античките култури (Египетска, Грчка и Римска, како и инструменти од Америка, Африка и Океанија. Колекцијата на музејот му ја подарил оперскиот пејач Еван Горга и е најголемата колекција подарена на музејот.[5][6]

Remove ads

Музеи во близина на галеријата

Во паркот на Вилата Боргезе се сместени Националната галерија на модерна уметност со дела од италијанската уметност од 19. и 20. век, и Националниот музеј на Етрурска уметност кои содржи дела од пред-римско време пронајдени во околината на Рим.

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads