Вилдау
општина во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вилдау (германски: Wildau) — општина во округот Даме-Шпревалд, во сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Се наоѓа близу Берлин и е поврзана со С-Железницата.
Remove ads
Историја

Историјата на Вилдау почнува со рибарските семејства кои се населиле долж реката Даме и потоа испораката на песок, чакал и тули од областа со брод до Берлин.
Машинската индустрија го ставила Вилдау на картата при индустриската револуција. Во 1897, компанијата Шварцкопф основала фабрика за локомотиви и изградила населба за работниците од фабриките, која денес е заштитено културно наследство. Во текот на Втората светска војна, локалните фабрики биле вклучени во военото производство. По војната тие станале државни претпријатија во Источна Германија. По повторното обединување на Германија фабриките главно биле водени од Treuhand.
Во областа околу Вилдау, бројни технолошки и бизнис паркови биле отворени во претходните години, пред сè во услужната индустрија, логистички центри, како и компании за енергија и животна средина. Инженерска школа била основана уште во 1949, а од 1991 сојузната покраина Бранденбург го основала Техничкиот универзитет за применети науки Вилдау.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads