Вилхелм Темпел
германски астроном From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ернст Вилхелм Либерехт Темпел, најчесто само Вилхелм Темпел (германски: Ernst Wilhelm Leberecht Tempel; 4 декември 1821 – 16 март 1889 ) — германски астроном кој работел во Марсеј сè до почетокот на Француско-пруската војна во 1870 г., а потоа се преселил во Италија.[1]
| 64 Ангелина | 4 март 1861 |
| 65 Кибела | 8 март 1861 |
| 74 Галатеја | 29 август 1862 |
| 81 Терпсихора | 30 септември 1864 |
| 97 Клото | 17 февруари 1868 |

Роден е во селото Нидеркунерсдорф, Саксонија. Открил вкупно 21 комета, од кои некои веќе биле независно откриени од други. Позабележителни откритија кои го носат неговото име се 55P/Темпел-Татл, за која денес се знае дека е матично тело на метеорските дождови Леониди и 9P/Темпел — цел на сондата „Дип Импакт“ на НАСА во 2005 г. Други периодични комети наречени по него се 10P/Темпел и 11P/Темпел-Свифт-LINEAR. Покрај тоа, открил и 5 астероиди
Во 1861 г. ја добил Лаландовата награда на Француската академија на науките, како и Валзовата награда во 1880 г.[2]
Починал во 1889 г. во Арчетри, близу Фиренца.
Remove ads
Почести
Во негова чест се наречени астероидот 3808 Темпел и кратерот Темпел на Месечината.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
