Вимблдон 2011

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Вимблдон 2011 е тениски турнир кој се игра на тревна подлога, на отворено. Ова е 125тото издание на Вимблдон, и третГренд Слем настан оваа година. Тој се одржа Лондон, Англија, од 20 јуни до 3 јули 2011.

Кратки факти Датум:, Издание: ...

Во професионалниот дел од турнирот имаше двајца нови шампиони во поединечна конкуренција за првпат после 2002: Новак Ѓоковиќ и Петра Квитова. Со стигнувањето до финалето Ѓоковиќ исто така се промовира во нова светски рекет бр. 1 на АТП листата, додека Квитова е првата личност од Чешка што осовоила некој главен турнир после Јана Новотна во 1998. Во двојки браќата Брајан ја освоија титулата по вторпат, и го изедначија рекордот за најмногу освоени Гренд Слем титули со 11 поставен од Вудови, Марк Вудфорд и Тод Вудбриџ. Во жени двојки Катарина Среботник ја освои нејзината прва поголема титула после учествата во четири финалиња. Среботник победи заедно со Квета Пешке. Ова беше прва поголема титула за Пешке. Во мешани двојки Јурген Мелцер ја освои својата втора поголема титула, и прва во мешани двојки, заедно со Ивета Бенешова која стигна до нејзината прва поголема титула. Вкупно, играчите од Чешка (Квитова, Пешке и Бенешова) беа шампиони во три од петте главни настани на турнирот.

Во јуниорскиот турнир двете титули во жени и мажи поединечно титулите беа освоени од Австралијанци. Лук Савил освои во категорија на момчиња, додека Ешлеј барти стана првата Австралијка во 31 година што освоија титула во категорија девојчиња. Во двојки имаше успех на домаќините откако Британецот Џорџ Морган и Хрватот Мате Павиќ ја освоија титулата во момчиња двојки. Во категорија на девојчиња двојки титулата ја освоија Канаѓанката Еугение Бухард и Американката Грејс Мин.

Во натпреварите со инвалидски колички Естер Вергер и Шерон Валравен ја одбранија титулата во двојки. Ова за Вергер е трет последователен успех на Вимблдон и тоа значи дека таа сѐ уште нема изгубено на Вимблдон. Во машките натпревари Маикел Шеферс и Роналд Винк го комплетираа кариерниот Гренд Слем, откако ја освоија последната титула која претходно ја немаа освоено како тим.

Во натпреварувањата за легенди победија тимовите од: Линдзи Девенпорт и Мартина Хингис, Холандскито пар Јако Елтинг и Пол Хархуис и Аввстралискито пар Пет Кеш и Марк Вудфорд.

Remove ads

Бодови и парични награди

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads