Виолета Чакарова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Виолета Чакарова (р. 1961 , Прилеп) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Кратки факти Роден, Националност ...

Животопис

Пред своето вработување во Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп како професионална глумица во 1984 година, таа работела две години како глумец-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно повеќе од 70 главни и епизодни улоги на матична сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 година на МТФ „Војдан Чернодрински“, таа ја добила наградата за млада глумица за своето остварување во претставата „Големиот брилијантен валцер“ во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрографија, истакнувачки се соработките во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во „Буре барут“ во режија на Наташа Поплавска, Бисера во „Духот на слободата“, Кате во „Разбуди се Кате“ (режисер Благоја Дамески), „Маките на Живоин“ во режија на Ацо Алексов, итн.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1988Македонски народни приказни ТВ-серија
1988Ел камино дел сур ТВ-филм
1991Македонија може ТВ-серија
2009Стапица ТВ-филмЖената
2010Антица ТВ-филмБаба Анѓа
2013-2014Авантурите на Итар Пејо ТВ-серијаЖената на бакалот
2014Приказни од животот ТВ-серијаМарта
2015Три во едно ТВ-филмЖената
2023-2024Македонски стари приказни ТВ-серијаМитра

Награди

  • Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, за улогата на ликот Љубица во претставата „Големиот брилијантен валцер“ (1990).

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads