Вистина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вистина
Remove ads

Вистина е поим од врвно значење во области како филозофија, наука, право и религија. Во главно се разбира како склоп на факти и израз на она што е, што постои и што може да се утврди, наспроти лагата која го претставува она што не е и што не може да се утврди.

Thumb

Вистината како философска категорија

Италијанскиот поет Џакомо Леопарди смета дека најголем дел од вистините за кои мислиме дека се апсолутни и општо се релативни и делумни.[1] Исто така, тој вели дека ниту една нова вистина, особено ако е во спротивност со постојните сфаќања, дури ако е јасно докажана, не може да биде наеднаш прифатена (освен ако за неа нема материјални докази), таа може да се усвои само постепено, со текот на времето, онака како што луѓето ќе навикнуваат на неа. На тој начин, вистината која своевремено била исмејувана од современиците, најпосле станува општопозната. Овој отпор кон новите вистини е особено голем ако станува збор за фундаментални вистини кои уриваат голем број воспоставени мислења.[2]

Remove ads

Вистината како тема во уметноста и во популарната култура

Вистината како тема во книжевноста

За вистината се пишува и во Стариот завет, каде се вели дека „и вистината е поголема и посилна од сѐ.“ (Втора книга Ездра, 4:35); „целата земја ја повикува вистината и небото ја благословува, и сите работи се сретнуваат и треперат пред неа. И во неа нема неправда.“ (Втора книга Ездра, 4:36);[3] „а вистината победува и останува силна засекогаш, и живее и владее од века до века.“ (Втора книга ездра, 4:38); „во неа нема пристрасност и разликување: таа го врши она што е прведно, одбегнувајќи сѐ што е неправедно и лошо, и сите ги одобруваат нејзините работи.“ (Втора книга Ездра, 4:39); „во нејзиниот суд нема ништо криво; таа е сила, и царство, и власт и величие во сите векови“ (Втора книга Ездра, 4:40).[4]

Постојат повеќе книжевни дела посветени на вистината, како:

  • „Вистина“ - суфиска приказна.[5]
  • „Три вистини“ - суфиска приказна.[6]
  • „Допивање на вистината“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[7]
  • „Вистината“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[8]
  • „Планетата на вистината“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[9]

Вистината како тема во популарната музика

  • „Далеку од вистината“ (хрватски: Daleko od istine) — песна на хрватската рок-група Азра од 1981 година.[10]
  • Вистина“ (англиски: Truth) — музички албум на британскиот гитарист Џеф Бек (Jeff Beck) од 1968 година.[11]
  • „Плукни ѝ на вистината в очи“ (српскохрватски: Pljuni istini U oči) — музички албум на словенечката рок-група Булдожер (Buldožer) од 1975 година.[12]
  • „Кажи ја вистината“ (англиски: Tell the truth)“ — песна на блуз-рок групата Дерек енд д Доминос (Derek and the Dominos) од 1970 година.[13]
  • „Дајте ми малку вистина“ (англиски: Give Me Some Truth) - песна на англискиот поп-рок музичар Џон Ленон од 1971 година.[14]
  • „Суров напад на вистината“ (англиски: Severe Attack Of The Truth) — песна на англиската рок-група Мега сити фор (Mega City Four) од 1989 година.[15]
  • „Вистината не е во мода“ (англиски: Truth Is Out Of Style) — песна на американските хип-хоп музичари MC 900 Ft и DJ Zero) од 1989 година.[16]
  • „Да ја облечеме голата вистина“ (англиски: Let's Dress Up The Naked Truth) — песна на американската хард-кор група The New Bomb Turks од 1993 година.[17]
  • „Слеп за вистината“ (англиски: Blind To The Truth) — песна на британската хард-кор група Напалм дет (Napalm Death) од 1988 година.[18]
  • „Вистина“ (англиски: Truth) — музички албум на англиската поп-група Њу Ордер (New Order) од 1981 година.[19]
  • „Вистина“ (српски: Истина) — музички албум на српската рок-група Рибља чорба од 1985 година.[20]
  • „Машината Вистина“ (хрватски: Istina Mašina) — песна на хрватската рок-група Тајм (Time) од 1972 година.[21]
  • „Слатката птица на вистината“ (англиски: Sweet Bird Of Truth) — песна на британската електронска група The The од 1986 година.[22]
  • „Време за вистина“ (англиски: Time for truth) — песна на британската рок-група Џем (The Jam) од 1977 година.[23]

Вистината како тема во филмот

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads