Витез Михај Чоконаи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Витез Михај Чоконаи
Remove ads

Витез Михај Чоконаи (унгарски: Csokonai Vitéz Mihály, 17 ноември 1773 - 28 јануари 1805 [1]) — унгарски поет, роден во Дебрецен.

Thumb
Витез Михај Чоконаи

Бил син на хирург. Учел, а потоа и предавал во дебреценската гимназија. Не можејќи да најде издавач за своите дела, кои биле сметани за неморални, тргнал на скитничко патување, во текот на кое се одигрува неговата тажна љубовна историја со Јулија Вајда, која во неговите песни ќе биде запамтена под името Лила.

До крајот на својот живот останува сиромав и несреќен, а умира во својот град, во куќата на неговата мајка, на возраст од триесет и една година.

Чоконаи е генијален и оригинален поет, претходник на Шандор Петефи, Моцарт на унгарскиот збор. Автор е на збирката Оди која ги содржи најдобрите примери на неговата љубовна и граѓанска поезија и на неброено многу љубовни песни. Покрај Петефи, голем љубител на неговата поезија ќе биде и Ендре Ади.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads