Владеење на правото

From Wikipedia, the free encyclopedia

Владеење на правото
Remove ads

Владеењето на правото е дефинирано во Оксфордскиот англиски речник како „авторитетот и влијанието на правото во општеството, особено кога се гледа како ограничување врз поединечното и институционалното однесување; (оттука) начелото според кое сите членови на едно општество (вклучително и оние во владата) се сметаат за еднакви пред јавно воспоставените правни прописи и процеси“.[2] Терминот владеење на правото е тесно поврзан со уставноста, како и со идејата за правната држава и се однесува на политичка ситуација, а не на некое конкретно правно правило.[3][4][5]

Thumb
Слика што ги претставува и судските и законодавните аспекти на правото. Жената на престолот држи меч за казнување на виновните и гранка од палмa за да ги награди заслужните. Ореол ја опкружува главата и егидејата на Минерва го означува оклопот на правдата и мудроста.[1]

Употребата на поимот може да се проследи назад до 16. век во Велика Британија. Во следниот век, шкотскиот теолог Самуел Радерфорд го користел расправајќи против божественото право на кралевите.[6] Џон Лок пишувал дека слободата во општеството значи да се биде предмет само на закони донесени од законодавен дом коишто ќе важат за секого, при што едно лице е инаку ослободено од владини и приватни ограничувања на слободата. „Владеењето на правото“ е дополнително популаризирано во 19. век од страна на британскиот правник А. В. Диси. Сепак, начелото, ако не и самиот поим, било препознаено од античките мислители. Аристотел напишал: „посоодветно е законот да управува од кој било друг граѓанин“.[7]

Владеењето на правото подразбира дека секое лице е предмет на законот, вклучително и лица кои се пратеници, службеници за спроведување на законот и судии.[8] Во оваа смисла, тоа е во спротивност со тиранијата или олигархијата, каде што владетелите стојат над законот. Недостаток на владеењето на правото може да се најде и во демократиите и во монархиите, кога постои занемарување или непознавање на законот. Владеењето на правото е подложно на распаѓање доколку владата нема доволно поправни механизми за негово враќање. Дополнително, ова овозможува ширење на корупцијата, што го отежнува повторното враќање на правото со одминот на времето и навлегувањето на корупцијата подлабоко во владините системи.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads