Крал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крал
Remove ads

Крал е машки монарх, односно шеф на држава. Женскиот монарх се нарекува кралица.

Кратки факти
Thumb
Хералдичка круна на германските кралеви (варијанта користена во ран модерен период)
Remove ads

Еволуција

Подоцна, во текот на доцната антика и во средниот век, кралот прераснал во вистински само-владетел, надлежен за целокупното функционирање на државата. Поединечната улога на кралот почнала да опаѓа од 16 век, кога монархиите станале уставни и парламентарни, со што голем дел од функциите на кралот во државата ги презеле други институции. Денес, кралевите во повеќето монархии имаат формално церемонијална улога, а во пракса сѐ уште задржуваат значителен имот и политичко влијание. Сепак, постојат и апсолутни монархии, во кои кралот има целосна власт.

Remove ads

Улога

Изворно, кралевите во племенските држави имале само неколку улоги:

  • Да бидат судии во текот на народните собири
  • Да служат како свештеници при принесувањето на жртви
  • Да бидат водачи во војните (поради физичките индиспозиции, ова ги исклучувало жените како кралици во раниот развоен период на општествата).

За кралевите

Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги исмејува кралевите, за кои вели дека немаат ниту половина унца сол во главата. Според него, кралот мора да ги води јавните а не приватните работи, да ги почитува законите и да се грижи за чесноста на службениците, а не да го троши времето на забава, лов и коњи, да продаваат благороднички титули и на поданиците да им наметнуваат давачки.[1] Исто така, тој вели дека кралевите не се надарени со никакви добри духовни својства, тие им робуваат на пороците и на страстите и никогаш не се задоволни со она што го имаат.[2]

Во делото „Богатството на царот Радован“ (во есејот „За кралевите“), српскиот поет Јован Дучиќ пишува дека ретко кој крал бил среќен, зашто околу него се собираат многу луѓе кои му прават сплетки и сакаат да ги остварат своите интереси, а народот секогаш очекува премногу од него. Исто така, тој смета дека луѓето се најчесто неправедни кон кралевите и често ги сметаат за тирани, поради стравот од нивната сила. Навистина, често се случува владетелите да се гладни за власт и по секоја цена сакаат да ја зачуваат власта при што не се воздржуваат од примена на секакви средства.[3]

Кралот како тема во уметноста и во популарната култура

Кралот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Кралот како тема во народното творештво

  • Огнен и латински крал“ - македонска народна песна.[4]
  • „Моќниот крал Атата и убавата принцеза Ираира“ — папуанска приказна.[5]
  • „За војникот кој станал крал“ – полска народна приказна.[6]
  • „За кралот и неговите три сина - двајца паметни а еден глупав“ – полска народна приказна.[7]
  • „За кралскиот син“ – полска народна приказна.[8]
  • „Кралот и овчарот“ (српски: Краљ и чобанин) - српска народна приказна.[9][10]
  • „Будимскиот крал и кралицата“ (српски: Будимски краљ и краљица) - српска народна песна.[11]
  • „Ќерката на кралот на баксузите“ - унгарска народна приказна.[12]
  • „Двајцата златокоси принца“ - унгарска народна приказна.[13]
  • „Принцот Зрно Грозје“ - унгарска народна приказна.[14]
  • „Раката на кралот Владисав“ (српски: Ruka kralja Vladisava) - бугарштица.[15]

Кралот како мотив во книжевноста

  • „Слабиот крал и дебелиот готвач“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[16]
  • „Фалш“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[17]
  • „Кралска гробница“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[18]
  • „Крал без коски“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[19]
  • „Мачката и кралот“ — басна на Емброуз Бирс.[20]
  • „Двајцата кралеви и двата лавиринта“ — расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[21]
  • „Кралот во Тула“ — песна на Јохан Волфганг Гете.[22]
  • „Кралот Дроздобрад“ — сказна на браќата Грим.[23]
  • „Големиот кнез“ — кус расказ на македонскиот писател Живко Грозданоски.[24]
  • Кралеви во прогонство“ — роман на францускиот писател Алфонс Доде од 1879 година.[25]
  • „Танцот на кралот Матијаш“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.[26]
  • Постојаниот принц“ (шпански: El principe constante) — драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1629 година.[27]
  • „Ода за кралот на Харлем“ (шпански: Oda al rey de Harlem) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[28]
  • Кралска крв“ — роман на американскиот писател Синклер Луис.[29]
  • „Балада за еден крал, како и за една болва“ (руски: Баллада об одном короле и тоже об одноҋ блохе) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1919 година.[30]
  • Кралско височество“ — роман на германскиот писател Томас Ман од 1909 година.[31]
  • „Бесете ги кралевите“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[32]
  • „Родриг“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1835 година.[33]
  • „Привидението на кралот“ — песна на Пушкин од 1834 година.[34]
  • „Принцот Јаниш“ — песна на Пушкин од 1834 година.[35]
  • „Кралевање“ — песна во проза на францускиот поет Артур Рембо.[36]
  • „Крал“ — песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[37]
  • „Романса за кралот Вацлав IV“ — песна на чешкиот поет Јарослав Сајферт.[38]
  • „Повест за кралот Мида“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[39]
  • „Опис на кралот“ - песна на Збигњев Херберт.[40]

Кралот како тема во музиката

  • „Катја и принцот на Сијам“ — балет на Василиј Медведев според либретото на Јана Темиз.[41]
  • „Кралство“ (англиски: The Kingdom) - песна на австралиската рок-група Ајсхаус (Icehouse) од 1987 година.[42]
  • „Кралот Сонце“ (англиски: Sun King) - песна на британската рок-група Битлси од 1969 година.[43]
  • „Во кралството на слепите, еднооките се кралеви“ (англиски: In The Kingdom Of The Blind The One-Eyed Are Kings) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1988 година.[44]
  • „Кралот Хари“ (англиски: King Harry) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1972 година.[45]
  • „Крал на Америка“ (англиски: King Of America) — музички албум на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[46]
  • „Кралот на цвеќињата на морковите“ (англиски: The King of Carrot Flowers Pt. 1) - песна на американска рок-група Њутрал милк хотел (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[47]
  • „Крал на болката“ (англиски: King of Pain) - песна на британската рок-група Полис (Police) од 1983 година.[48]
  • „Кралот е бел и во толпата“ (англиски: King Is White And In The Crowd) - песна на шкотската рок-група Симпл мајнд (Simple MInds) од 1982 година.[49]
  • „Крал на дождот“ (англиски: Rain king) - песна на американската рок-група Соник јут (Sonic Youth) од 1988 година.[50]
  • „Кралската измама“ (англиски: The Royal Scam) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1976 година.[51]

Кралот како тема во сликарството

  • „Крунисувањето на Ладислав Неаполски“ (Krunjenje Ladislava Napuljskoga) - слика на хрватскиот уметник Целестин Медовиќ од 1893 година.[52]

Кралот како мотив во филмот

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads