Владимир Панков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Владимир Панков — претседател на здружението Радко во Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Панков е роден како Владимир Паунковски во Охрид, Македонија. По образование е економист. По распадот на СФР Југославија во 1993 година се обидува да создаде во Република Македонија организација на Бугарите , под името ВМРО, но уставот не е регистриран во судот.[1] На 30 јули 1996 година станува бугарски граѓанин. Потоа го менува презимето во Панков. Во ноември 1996 година, органите на власта во Македонија му го одземаат бугарскиот пасош[се бара извор]. По неколку притворања, штрајк со глад и интервенцијата на бугарските органи на власта, пасошот му е вратен. Една година престојува во Бугарија, подоцна во 1998 година се враќа во Македонија.[2]

Во 2000 година станува претседател на Здружение Радко, кое во 2001 година е прогласено за противоуставно. Во јануари 2008 година, „Радко“ го добива делото во Судот за правата на човекот во Стразбур против Република Македонија.[3][4][5]

Панков е автор на книгата „Историската вистина за културниот идентитет на словенското население во Република Македонија“ (бугарски: „Историческата истина за културната идентичност на славянското население в Република Македония“), издадена во 2004 година.[6]

Панков умрел на 5 јануари 2019 година.[7]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads