Владо Цветановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Владо Цветановски (Слоештица, 7 јуни 1959 Скопје, 23 октомври 2012 ) — македонски режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Цветановски бил роден во 1959 година во демирхисарското село Слоештица. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад, на отсекот за интермедијална режија, во класата на професорот Боро Драшковиќ. Работел како професот на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што го предавал предметот Глумечка игра.

Починал ненадејно на 23 октомври 2012 година, во својот дом во Скопје, а бил погребан следниот ден на скопските градски гробишта во Бутел.[2]

Remove ads

Творештво

Цветановски остварил околу педесет претстави кои се поставeни на театарските сцени во Македонија, како и во Белград, Нови Сад, Сараево, Софија, Санкт Петербург, Кишинев, Париз, Каиро, Кан итн. Неговата последна претстава била „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“, чија премиера била поставена во Драмскиот театар во Скопје, една недела пред неговата смрт.:[3]

Притоа, најпознати негови претстави се:[4]

  • МаЗакосен текстлограѓанска свадба“;
  • Полковникот птица“;
  • Домот на Бернарда Алба“;
  • Среќата е нова идеја во Европа“;
  • Хамлет“ итн.

За своите претстави, Цветановски освоил бројни значајни награди, како: Млад борец, вонредна Стеријина награда за претставата во целина, пет награди за најдобра претстава во целина на МТФ „Војдан Чернодрински“ и четири награди за најдобра режија на истиот фестивал.[2]

Понатаму, Цветановски се занимавал и со филмска режија. Така, во продукција на Македонската телевизија реализирал неколку документарни филмови посветени на македонските традиционални обележја, а го режирал и играниот филм „Тајната книга“.[4] Исто така, подолго време работел и на сценариото за неговиот втор игран филм со работен наслов „Ослепениот воин“, кое останало недовршено поради неговата ненадејна смрт.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads