Влезни единици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.  | 
Влезни единици(Хардвер)
Уште од зачетоците на проектирањето на сметачите паралелно се проектираат и влезните единици како неодминлив хардвер потребен за внесување на податоци во сметачот. Со еволуцијата на сметачките машини евулира и овој хардвер. Прозводителите на овој хардвер развиваат и соодветен софтвер за поддршка на истиот - таканаречените драјвери (driver) кои се интегрираат во оперативните системи и служат за управување на овој хардвер.
Значи, како влезни единици за еден личен сметач се сметаат уредите кои овозможуваат внесување на влезни податоци во сметачот. Највообичаени влезни единици се тастатурата и глувчето, а со развојот на информатиката се создаваат нови влезни единици, на пример: Скенер, ВебКамера, Тачпед, Трекбол, Графичка табла, Микрофон, Светлосно перо, Дигитален фотоапарат и др. За подобро доживување на компјутерски игри се користат и: Џојстик, Гејмпед, Оптички пиштол, Волан и др.
Во зависност од оперативниот систем (Windows, Linux, Mac-OS, OS/2 итн.) влезните единици имаат различни софтверски компоненти, начин на нивна дистрибуција и инсталација.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads