Воднобожуровидни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воднобожуровидни (науч. Nymphaeales) — ред на растенија кој опфаќа три фамилии: водните божури и уште две фамилии на водни растенија. Ова е еден од трите реда на базални скриеносеменици во рамките на цветните растенија.
Сите видови се ризомни водни билки со широки листови.
Групата се одликува со барем 10 морфолошки фенотипски особености.[2] Познати се и молекуларни синапоморфии.
Класификациите признаваат 70 вида,[3] но филогенетските испитувања на родот воден божур (Nymphaea) укажува на тоа дека групата може да има и над 90 вида.[4] Разликата во набројувањето на видовите се должи на потешкотиите при разграничувањето на видовите во родот водни божури.
Remove ads
Фосили
Фосилните наоди се состојат претежно од семиња, но има и полен, дршки, листови и цветови. Најраните потекнуваат од периодот креда.[5][6] Се смета дека крунската група на Воднобожуровидните е стара околу 112 милиони години,[7] но некои сметаат дека ова е премногу [8]
Можно е фосилното водно растение Archaefructus да ѝ припаѓа на оваа група.[9]
Класификација
Воднобожуровидните опфаќаат три фамилии со 70-90 видови.
ред Воднобожуровидни
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Класификацијата на Воднобожуровидните и нивната филогенија во рамките на цветните растенија се водат по системот APG III (2009). |
Remove ads
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads