Волтерсдорф (Бранденбург)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Волтерсдорф (Бранденбург)map
Remove ads

Волтерсдорф (германски: Woltersdorf) — општина во округот Одра-Шпре, во Бранденбург. Често е нарекувана и како Волтерсдорф кај Берлин или Волтерсдорф кај Еркнер поради големиот број на места со истото име во Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Волтерсдорф во рамките на округот Одра-Шпре ...
Remove ads

Географија

Општината се наоѓа на три езера, Флакенско, Калкско и Бауернско Езеро, помеѓу Шенајхе, берлинската шума и Еркнер. Волтерсдорф се граничи со Ридерсдорф, Еркнер, Берлин и Шенајхе.

Историја

  • Околу 1240 година, 14 фармерски семејства се населиле во селото. Денес, црквата, општинското собрание и старото училиште се наоѓаат овде, претставувајќи го центарот на Волтерсдорф. Првите жители биле земјоделци и рибари.
  • Во 1319, Волтерсдорф бил запишан првпат како Валтерсдорф славика.
  • По првпат Волтерсдорф бил забележан во 1375 во земјишната книга. Заедно со Рансдорф требал да плати данок на замокот Кепеник.
  • Во 1487 Берлин го припојува Волтерсдорф.
  • Во 1550 била изградена брана помеѓу Флакенско и Калкско Езеро.
  • Во 1550 била изградена првата црква во Волтерсдорф.
  • Од 1618 до 1648 Волтерсдорф бил напуштен (Триесетгодишна војна) и привремено ненаселен.
  • Околу 1886 била изградена туристичка кула за набљудување на врвот на Кранихсберге. Пружа прекрасен поглед од височина околу 105 метри. При ведри денови може да се види Берлинската телевизиска кула.
  • На крајот на 19 век била завршена железничката линија од Берлин. Во соседната општина, Еркнер, била изградена железничка станица. Многу Берлинци имале свои летни резиденции во Волтерсдорф.
  • Од 1913 постои трамвајска линија помеѓу браната и станицата во Рансдорф.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads