Ситна леќа
род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ситна леќа или волфија (науч. Wolffia) — род на 9 до 11 видови кои претставуваат цветни растенија на светот. Тие се водни растенија налик на снегулки од пченкарно брашно кои плутаат по површината. Ситнат леќа е слободнопловен талус, по боја зелен или жолто-зелен, без никакви корења. Цветот на растението излегува во вдлабнатина на горната површина од расатението. Има еден прашник и еден толчник. Поединечните билки често пловат во парови или пак образуваат пловечки ќилим заедно со сродни растенија како водната леќа (Lemna) и коренестата водна леќа (Spirodela). Речиси сите видови се мошне широко распространети ширум неколку континенти. Ситната леќа се состои од 40% белковини, (исто колку и сојата), и со тоа е добар извор на високопротеинска исхрана. Во Азија, уште од дамнешни времиња ситната леќа се собира и користи во исхраната.
Remove ads
Одбрани видови
- Wolffia angusta
- Wolffia arrhiza (бескоренска водна леќа) - најмалото цветно растение на светот
- Wolffia australiana
- Wolffia borealis
- Wolffia brasiliensis
- Wolffia columbiana
- Wolffia cylindracea
- Wolffia elongata
- Wolffia globosa
- Wolffia microscopica
- Wolffia neglecta

Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads