Вошка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вошка
Remove ads

Вошки[1][2] (латински: Pediculus humanus capitis) — мали инсекти без крила и цицаат крв од главата. Нивната боја е различна, од белузлава до кафеава и црвеникава до кафеава. Вошките живеат само кај луѓето. Ако се отстранат од главата, тие умираат обично во рок од 24 часа. Вошките не скокаат, тие можат само да ползат при што се пренесуваат од глава на глава. Вошките се паразити кои наликуваат на инсекти без крила, живеат на косматиот дел на телото.

Thumb
Животот на вошката
Remove ads

Како се пренесуваат и како да се препознаат?

Thumb
Главена вошка

Вошките не можат нити да скокаат нити да летаат. Се пренесуваат со директен контакт или индиректно со заедничка употреба на шешири, капи и четки. Женките ги депонираат јајцата во косата и тоа во близина на коренот (близина на скалпот) каде е најтопло. Јајцата наликуваат на беличасто-сивкасти зрнца кои се фиксирани за коренот на влакната и не може да се исчеткаат како првут. Најчесто се сместуваат во тилниот дел или зад ушите и може да се видат со голо око. Возрасните вошки се потемно обоени и се гледаат како се движат низ косата.

Remove ads

Превенција и третман

Thumb
Бела вошка
  • Кога некој ќе добие вошки треба да се третира целото семејство. Вошките се кријат во четките за коса, во креветот и во мебелот на куќата и лесно се шират.
  • Во минатото, а кај нас сѐ уште е раширена појава да се избричи косата на главата и да се намачка со газија Ова не треба да се прави, бидејќи денес постојат ефикасни шампони против вошки, кои се достапни во локалните аптеки.
  • Уште поопасна појава е главата на детето да се мачка, не со шампони за вошки туку со други средства, на пример со инсектициди, во кој случај може да настанат смртоносни труења.
  • Покрај главата, треба да се третира и облеката, капутите, шапките и другите работи вклучувајќи ја и постелнината, така што ќе се исперат во топла вода со детергент.
  • За предметите за кои перење не е возможно се препорачува хемиско чистење. Играчките и други работи кои не може да се исперат треба да се стават во затворена пластична кеса и да се остават неколку недели бидејќи вошките нема да преживеат без човечки домаќин повеќе од неколку дена.
  • Мебелот и ќилимот се вакумираат со правосмукалка. Треба да се направи големо чистење.
Remove ads

Вошките како мотив во уметноста

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads