Војвода

војсководец, често слично на владетел кој имал административни и воени функции From Wikipedia, the free encyclopedia

Војвода
Remove ads

Војвода (потекнува од старословенскиот јазик, со буквално значење „оној кој предводи воини“ или „воен водач“) — словенска титула кој првично го именува главниот командант на воените сили.

Thumb
Московски војвода, XVII век

Изразот постепено почнал да се однесувал на управувач на покраина, област, а областа под управна власт на војводата се нарекува Војводство. Во англискиот јазик, изразот војвода честопати се преведува како принц, а во словенската терминологија рангот на војвода во некои случаи се изедначува со германската титула херцог. Денес во Полска, изразот војвода се однесува на управник на покраина, односно војводство.

Титулата се користела во средновековна Македонија, Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, Чешка, Грција, Трансилванија, Полска, Русија, Молдавија, Влашка, Риген [1] и др. Во средновековни кнежевства Молдавија и Влашка, терминот војвода станал дел од официјалните титулари на суверениот принц, и го означувале правото за раководење на цела армија. Војвода или вајда исто така бил титула на унгарскиот упраниците на Трансилванија во средниот век.

Најпосле, во Отоманското Царство, водачите на ајдутите и на комитските чети на Балканскиот Полуостров се нарекувале војводи.

Remove ads

Војводите како мотив во народното творештво

Remove ads

Војводите како мотив во книжевноста

Војводите како мотив во музиката

  • „Војвотка“ (англиски: Duchess) - песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1979 година.[27]

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads