Вратило (гимнастика)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вратило (гимнастика)
Remove ads

Вратило[1][2]гимнастичка справа во облик на тркалезна челична шипка, закачена на два столба[3] на висина од 225 од подот. ↓ б1 Притоа, еластичната попречна шипка е долга 240 см и нејзиниот пречник изнесува 2,8 см.[4]

Thumb
Бразилскиот гимнастичар Артур Маријано изведува вежба на вратило во преднатпреварите на Младинските олимписки игри 2010 година во Сингапур.

На вратилото гимнастичарите[5] ја изведуваат истоимената вежба во која изведуваат поврзани и чисти елементи на нишање при кои не смеат да ја допрат шипката со телото. Гимнастичарот мора да покаже промени во неговиот фат за време на изведбата, замавнувачки движења напред и назад, елементи на лет при кои ја ослободува и повторно ја фаќа шипката. Доскокот од справата е важен дел од севкупната изведба и го претставува последниот составен дел на вежбата. Скокот има акробатски обележја.[6]

Вратилото е шеста, последна справо во гимнастичкиот повеќебој. Се нарекува и „кралска дисциплина“ бидејќи вежбите кои се изведуваат на неа се многу привлечни.[7] Така, во летечките делови на вежбата, гимнастичарите можат да достигнат висина од 5 метри.[7] За особените промени во стисокот за време на вежбите, потребна е флексибилност на рацете и рамениот појас.[8]

Remove ads

Историја

Вратилото во своите изведби го користеле акробатите во Стара Грција и Рим и во средниот век.[9] Во гимнастичкиот спорт го вовел Јохан Кристоф Фридрих ГутсМутс во неговата книга Gymnastik für die Jugend (Гимнастика за младите) од 1793 година, што го вдахновило Фридрих Лудвиг Јан понатаму да го развива.[10]

Белешки

↑б1  Некаде се наведуваат и 260[7] или 275 сантиметри[8] додека брошурата Apparatus Norms на Меѓународната гимнастичка федерација (FIG-a) наведува 278 сантиметри, ако се вклучи струњачата од 30 сантиметри.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads